По затишјето во летните месеци, есента носи нов момент на пазарот на трудот, кога многумина повторно бараат можности за професионален развој и напредување во кариерата. Во овој контекст, фокус на сите кои бараат нови деловни предизвици во регионот со години е Регионалниот саем за вработување!
Најголемиот онлајн саем за вработување во Македонија и регионот се одржа од 15 до 22 октомври и привлече огромно внимание и кај работодавачите, но и кај огромен број на баратели на работа.
На саемот учествуваа 126 работодавачи од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија, кои понудија речиси илјада отворени работни позиции! Кандидатите имаа можност да истражат широк спектар на можности во различни индустрии, од продажба и угостителство до технолошки сектори.
Саемот го организираше Alma Career North Macedonia, компанијата зад познатиот бренд Vrabotuvanje.com.mk, во соработка со регионалните партнери: MojPosao од Хрватска, Poslovi Infostud од Србија, MojPosao.ba од Босна и Херцеговина и Deloglasnik од Словенија.
За време на осумте саемски денови, забележани се повеќе од 650.000 посети, додека кандидатите поднеле повеќе од 60.000 апликации на огласите за работа.
Виртуелните штандови на работодавачите, покрај огласите за работа, нудеа и богати содржини како фотографии и видеа од работната средина, што дополнително ја доближи културата и вредностите на компанијата до кандидатите. Овие содржини привлекоа огромно внимание, што го потврдува и фактот дека се забележани 3.980.000 прегледи на страници.
Во Македонија најпосетувани беа штандовите на компаниите: Алкалоид, Пивара Скопје и ЛИДЛ Северна Македонија.
Оваа година на саемот учествуваа:
Алкалоид АД, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД, Стопанка Банка, НЛБ Банка, ProCredit Банка, Liberty Steel Group, Макстил, Concentrix, KFC Македонија, Fashion Group, Transcom, Костал, Magna Mirrors, Лидл, DM drogerie markt, Нептун, Вабтек, Wolt, Aptiv, Inditex, Flex Credit, Office People, Laktalis, Adient, Gerresheimer, Amphenol, OIP Inc., Petrol и многу други компании од регионот.
Се гледаме на саем во 2025 година!