Најновите податоци на Евростат за условите за живот покажуваат дека има 94,6 милиони луѓе во ЕУ кои се во ризик од сиромаштија или социјална исклученост - или 21,4 отсто од нејзиното население.
Бројките покажуваат благо подобрување во однос на 2022 година, кога стапката беше 21,6 отсто.
Податокот идентификува 19 региони низ Унијата каде стапката на луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост надминува 35 отсто, многу од нив во Бугарија, југозападна Грција, јужна Шпанија и јужна Италија - вклучувајќи го и регионот на Брисел, како и најјужниот регион во Швајцарија кантонот Тичино.
Територијата со најголем дел од населението во ризик е францускиот департман Гвајана (60,3 отсто), потоа јужниот италијански регион Калабрија (48,6 отсто), југоисточна Романија (45,3 отсто) и друг италијански регион, Кампанија (44,4 отсто).
Во приближно половина од земјите на ЕУ, децата претставуваат категорија со највисока стапка на поединци изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост.
Еуростат ги разгледа и коефициентите на нееднаквост во однос на расположливиот доход по глава на жител. Бугарија е на врвот на листата на ЕУ со највисок коефициент на нееднаквост (37,2), потоа Литванија (35,7), Летонија (34,0), Португалија (33,7), Малта (33,0), Естонија (31,8) и Грција (31,8).
Од друга страна, најмал удел на ранливото население е забележан во Чешка (12 отсто), Словенија (14отсто), Финска и Полска (и двете по 16 отсто).
Ако се земат пр едвид земјите надвор од ЕУ, нацијата со најголема стапка на нееднаквост во приходите е Турција (44,2).
Извор: faktor.mk