Објавени се нови прогнози за врнежи од снег за оваа зима, на која ќе влијае периодичното ладење на температурите на површината на океаните, попознато како Ла Ниња. Вообичаено, овие промени се случуваат во период од една до три години, известува Severe Weather.
Споредено со прогнозата што ја објавија минатиот месец, новите податоци покажуваат зголемување на снежните врнежи низ делови од САД, јужна Канада и Европа. Прогнозата е формирана со помош на проекциите на Европскиот центар за среднорочни и долгорочни прогнози (ECMVF) и сличниот британски модел (UKMO).
Поради оддалеченоста, Ла Ниња нема директно влијание на Европа, туку на Северна Америка. Поради тоа, пониски температури и зимски бури од поларните предели се очекува да стигнат до северните и северозападните делови на САД. Потопло и посуво зимско време се очекува во јужните предели.
Источна Канада, исто така, во моментов покажува поголеми шанси за снежни врнежи. Прогнозата на ECMVF покажува аномалии со кои предвидува повеќе или помалку врнежи од нормалното. Кога станува збор за Европа, за поголемиот дел од континентот се прогнозира потпросечен снег. Сепак, важно е да се напомене дека новата прогноза покажува повеќе снежни врнежи од претходната, над централна и западна Европа.
Нагласена е и Скандинавија, каде што може да има зголемени врнежи од снег поради системот со низок притисок и млазниот поток.
Последната прогноза за декември предвидува помалку врнежи од просекот на поголемиот дел од континентот, а иста ситуација би требало да биде и во јануари. Прогнозираат снег во февруари, но повторно под просекот. Помали врнежи од снег се предвидуваат и за март, освен во некои централни и јужни предели кои покажуваат можност за ранопролетни врнежи.
Слична е прогнозата на UKMO, со најава за послаба снежна сезона. Тие предвидуваат дека голем дел од континентот ќе има помалку врнежи од вообичаено, освен во некои северни делови. Декември е во минус, а јануари нема да донесе поголеми промени во однос на претходниот месец. Прогнозата за март покажува послаби врнежи во рана пролет, освен во северните предели.
Извор: vecer.press