Платата на претседателот на Америка е шест пати поголема од просечната плата во оваа земја.
Сепак, првиот човек на САД не добива милиони – како што можеби мислат некои.
Неговата годишна плата е 400.000 долари, а тој добива 50.000 долари за трошоци.
Сепак, американскиот претседател не мора да плаќа кирија, има бесплатен персонал, лимузина и други превозни средства.
Годишната плата на претседателот на САД е 400.000 долари. Кога ќе се пензионира, до крајот на животот има право на годишна пензија од 240.000 долари.