Денес, вработените бараат многу повеќе од тоа што го нудат традиционалните канцеларии. Застарените, еднолични простори каде што акцентот е ставен само на функционалноста стануваат минато. Денешните вработени посакуваат канцелариски амбиент кој е пријатен и инспиративен за работа.
Се поставува прашањето, на кој начин компаниите можат да ги следат овие промени за да ја подобрат ефикасноста и задоволството на вработените, а притоа да постигнат високи резултати? Одговорот лежи во новиот пристап што го трансформира работниот простор – активни канцеларии.
„Активна канцеларија“ – само нов „кул“ термин во светот на бизнисот?
Активната канцеларија е многу повеќе од трендовски термин – станува збор за нов пристап кон работната средина, каде фокусот е ставен на флексибилноста, поврзаноста и благосостојбата на вработените. Целосно е насочена кон луѓето кои работат во неа, ставајќи ги во преден план колаборацијата и емпатијата.
Замислете динамичен деловен амбиент со отворен концепт што го олеснува неформалниот разговор и истовремено го поттикнува тимскиот дух. Едноставно, активната канцеларија намерно отстапува од традиционалниот распоред на простории и седење, и наместо тоа усвојува флексибилен дизајн кој одговара на различни начини на работа според преференциите на вработените. Во неа може да се најдат мирни и тивки зони за фокусиранa работа, но и простори идеални за брейнсторминг сесии. Секој агол е внимателно планиран за да одговара на сите.
Атмосферата е истовремено енергична и смирувачка, просторот е исполнет со зеленило и природна светлина. Флексибилниот мебел, од удобни столчиња до пријатни лаунџ простори, го поттикнуваат неформалниот разговор и релаксацијата, додека паметната технологија им овозможува на тимовите да соработуваат ефикасно, без разлика дали работат од канцеларија или од далечина.
Работниот простор на иднината станува реалност
Дизајнот насочен кон луѓето е многу повеќе од тренд; тоа е значаен чекор напред кон работен простор каде што вработените се чувствуваат поисполнето и се попродуктивни. Со прифаќање на овие нови идеи, компаниите создаваат амбиент во кој креативноста цвета, тимската работа се унапредува и секој може да го достигне својот целосен потенцијал.
Целиот текст прочитајте го на: bizlife.rs