Секој на кого му била понудена нова работа сигурно стигнал до делот во кој малкумина знаат како правилно да се снајдат: преговорите за плата. Овој разговор е премногу важен и затоа морате да бидете внимателни како ќе се одвива неговиот тек. Велат дека ризикот секогаш се исплаќа. Според статистиките, оние кои се соочиле со своите стравови и барале повисока плата најчесто добиле некој вид на зголемување. Сепак, треба да се има во предвид дека квалификациите и вештините одат "рака под рака" со зголемената цифра.
Во секој случај, треба да се внимава кога станува збор за преговарање за плата. Постојат одредени грешки кои не смеете да си ги дозволите доколку сакате да наидете на позитивен исход.
Не преговарате
Првата грешка, а вооедно и најголемата е што луѓето воопшто не преговараат. Според бројките, повеќето луѓе ја прифаќаат првата понуда. Се смета дека преговарањето помага во начинот на кој вашиот шеф ве доживува. На овој начин вие ќе оддадете чувство на личност со голема самодоверба во себе и своите способности, а тоа секако ќе ви оди во прилог.
Добивате совети од погрешни луѓе
Секој може да има мислење за тоа кој е најдобриот начин за преговарање, но не секој ќе ве води во вистинската насока. Најдобро е да се ги чуете мислењата од вашите успешни пријатели и како тие би постапиле во вашата ситуација. Слушајте внимателно кога другите ви ги раскажуваат своите преговарачки приказни. Собирајте искуства и самоуверено настапете кога ќе дојде време за да преговарате за сопствената плата.
Немате однапред утврден план
Никој не се родил со вештини за преговарање и затоа најдобро е ваквите разговори да ги планирате однапред. Истражете го пазарот на труд и доколку имате можност дознајте колкава е заработката за вашата позиција во другите компании. Направете ретроспекција на вештините кои ги поседувате и размислете како придонесувате во компанијата.
Се откажувате по првиот обид
Дури и ако сметате дека сте биле целосно подготвени, а вашиот работодавец сепак ве одбил не очајувајте. Немојте веднаш да се согласите со одлуката и да станете. Постојат многу подобри начини за да реплицирате на негативниот одговор. Пробајте да дознаете зошто работодавецот смета дека таа плата е соодветна за вас и вашата позиција. Доколку добиете одговор дека станува збор за стандардна плата, оспорите го тој одговор на љубезен начин. Објаснете ги начините на кои сметате дека придонесувате за компанијата и споделете примери од вашето секојдневно работење.
Дури и ова да заврши со неуспешен крај бидете горди на себе што воопшто сте пробале да се изборите за она што сметате дека ви следува. Најважно е да запомнете: пред да превземете било каков чекор и да почнете со преговорите направете баланс помеѓу вашите знаења и вештини и она што работодавецот може да го понуди.
Не сте сигурни дали да побарате покачување? Не знаете за кој износ да преговарате? Дознајте ја вашата вистинска вредност!