Работното место е повеќе од простор за извршување на задачи – тоа е динамична средина каде што расположението на вработените игра клучна улога во нивната продуктивност, мотивација и целокупна благосостојба. Кога вработените се чувствуваат добро на работа, тие не само што даваат подобри резултати, туку и стануваат клучен фактор за успехот на компанијата.
Вработените поминуваат голем дел од денот на работното место, па емоционалната клима во компанијата значително влијае врз нивното ментално и физичко здравје. Иако краткорочните емоционални реакции настануваат поради специфични случувања, подолгорочното расположение на вработените најмногу зависи од меѓучовечките односи.
Кога вработените чувствуваат почит и признание за нивниот труд, тие развиваат чувство на припадност и мотивација за работа. Увереноста дека нивната работа придонесува за заедничките цели создава задоволство, дури и кога се соочуваат со други предизвици, како незадоволство од платата.
Меѓутоа, најголемо влијание врз расположението имаат односите со колегите и особено со претпоставените. Шефовите играат клучна улога, бидејќи нивниот начин на управување може да поттикне позитивна атмосфера или да создаде стрес. Некои претпоставени, иако технички компетентни, немаат вештини за водство, што води до практики како микроменаџмент – претерана контрола и ограничување на креативноста.
Овие токсични лидерски практики често резултираат со демотивација, зголемен стрес и здравствени проблеми кај вработените. Како показатели за негативна работна клима се јавуваат честите боледувања и високата стапка на заминување од компанијата. Кога вработените немаат простор за напредок и се соочуваат со шеф кој не покажува емпатија или подготвеност за промени, тие природно бараат подобри можности.
Добрата емоционална клима во компанијата бара од шефовите да вложат во взаемна почит и поддршка, создавајќи средина каде што вработените се ценети и мотивирани за успех.
Целиот текст прочитајте го на: „Нова Македонија“
Секојдневно, многу професионалци решаваат да ја напуштат својата работна средина во потрага по нови можности или подобри услови за работа. Затоа, од витално значење е да се идентификуваат причините за заминувањето на талентите и да се применат стратегии за нивно задржување.
Дознајте што навистина ги мотивира вашите вработени со Pulser.mk, најсовремената алатка за истражување на задоволството и ангажираноста на вработените. Со оваа иновативна платформа, добивате детален увид во задоволството на вашиот тим, што ви помага да донесувате стратешки одлуки кои придонесуваат за подобрување на управувањето со човечките ресурси, зголемување на ангажманот и целокупното задоволство на вработените.
Кога вработените се презадоволни влегуваат во комфорнa зона, затоа научете до каде треба да одите. Истражете дали тоа што не даваат максимум од себе е дека сте ги разгалиле, или пак реално нешто треба да смените? Дали сте им обезбедиле услови да дадат максимум, или можеби нешто треба да промените?
Проверете го пулсот на вашите вработени со алатката Пулсер и бидете на чисто! За повеќе информации контактирајте нè на 070356813