Синоќа почна новогодишното украсување на улиците во главниот град, поточно оние под ингеренција на Општина Центар. Ќе има и новогодишен базар.
Градоначалникот на Општина Центар, информира дека ќе се постават дрвени куќички и декорации кои ќе ја надополнат зимската бајка. На плоштадот „Јадран“ ќе биде организиран новогодишен базар, кој ќе се одржува неколку дена пред новогодишната ноќ, со бројни настани и забави.
„Во моментов се договараат македонски музичари кои ќе ги забавуваат граѓаните предновогодишно. Целта на овој ангажман е да се поттикне заедничко празнување, радост и оптимизам во пресрет на Новата година. Општина Центар продолжува со својата посветеност да го направи овој период од годината посебен за секој жител и посетител. Планот е до 2 декември Општината да биде во новогодишна бајка“, порачува Герасимовски.