Алис Марфи e 31 годишна новинарка, која досега посетила 50 од 195 моментално признати земји во светот. Таа признава дека видела неверојатни места, од Узбекистан до Австралија, пишува Метро.
„Има само една земја во која немам желба да се вратам, а тоа е Катар“, рече Алис.
Вели дека Доха не ја импресионирала бидејќи таму е многу тивко, а тишината најмногу пречела.
Таа рече дека на патот може да се забележат луксузни автомобили Ролс Ројс и Масерати.
„Тротоарите беа празни затоа што никој не шета по улиците на Катар освен јас и моето момче од 1,95 см, кои го привлекоа погледот низ затемнети стакла на автомобилот додека се шетавме на +30 степени Целзиусови. Во Доха шетате само во трговски центри и хотели. Го прашав келнерот дали некој некогаш оди на прошетка, тој ми одговори: „ако можеш да возиш зошто да одиш“, вели таа.
Иако Доха ја опишува како естетски импресивна, вели дека нема живост.
„Море од облакодери со малку живот. Единствените луѓе на улиците се градежни работници, кои ги покриваат главите со марами за да се заштитат од сонцето“, додава новинарката.
Таа вели дека земјите како Италија, Австралија и Нов Зеланд, имаат многу да понудат и дека треба повторно да се врати таму.