Американското Министерство за транспорт го одобри планот на државата Њујорк на возачите да им наплаќа по 9 долари дневно за возење низ делови на Менхетн. Како што пишува Guardian, првичниот план бил да се наплаќаат 15 долари, но тој бил заменет со нова идеја која ќе биде имплементирана од 5 јануари оваа година.
Гувернерката на Њујорк Кети Хочул најави дека парите ќе бидат искористени за подобрување на јавниот превоз.
Планот, кој доби одобрение од државно ниво, треба да се применува во текот на денот, иако не се прецизирани точните часови. Лондон има слична програма, каде што цената е 19 долари, а која започна во 2003 година.
Камионите и автобусите ќе плаќаат до 21,60 долари, а за ноќно патување ќе бидат доделени попусти од 75%. Таксата ќе се наплаќа еднаш дневно, без оглед на бројот на патувања за сопствениците на автомобили, додека таксито ќе плаќаат 75 центи по возење во зоната на Менхетн, а возилата на Uber или Lyft резервирани преку апликацијата ќе плаќаат 1,50 долари по возење.
Вреди да се напомене и дека Хочул „побрза“ со планот поради победата на Доналд Трамп на претседателските избори. Тој го изрази своето противење на овој план и се очекува дека неговиот министер за транспорт сигурно нема да ја одобри идејата.
Извор: kurir.mk