Некои детски алишта од Тему содржеле до 622 пати повеќе отровни материи од дозволената граница, објави владата во Сеул.
При тестирањето на 26 парчиња зимска облека за деца од платформите Тему, АлиЕкспрес и Шеин, откриени се седум производи кои содржат опасни материи како фталати, олово и кадмиум, се вели во соопштението на Владата.
Посебно е истакната детска јакна оd Тему, која содржела 622 пати поголема количина на фталати од законски дозволената граница.
Фталатите се хемиски соединенија кои се користат за омекнување на пластиката, но тие можат да имаат сериозни здравствени последици. Освен тоа, јакната имала 3,6 пати поголема количина на олово и 3,4 пати повеќе кадмиум отколку што е законски дозволено, пишува BusinessInsider.
„Фталатите можат да влијаат на репродуктивните функции, намалувајќи го бројот на сперматозоиди, предизвикувајќи неплодност, па дури и предвремено породување“, изјавил службеник од Одделот за здравје на животната средина во Сеул за време на претходната истрага во август.
Оловото и кадмиумот се опасни канцерогени материи, според американското Министерство за здравство и социјални услуги.
Извештајот, исто така, покажал дека комбинезонот од Тему содржел 294 пати повеќе од дозволеното ограничување на фталати, додека детските чевли од AliExpress содржеле пет пати повеќе олово отколку што е дозволено во Јужна Кореја.
Кога бил прашан за овој извештај, портпаролот на Тему изјавил: „Од седумте производи споменати во извештајот на владата во Сеул, два беа продадени на платформата Тему“. Тој додал дека „тие производи веќе биле отстранети од платформата пред да биде објавен извештајот, благодарение на проактивниот мониторинг“.
Портпаролот на AliExpress изјавил дека платформата „веднаш ги отстранила проблематичните производи на барање на властите во Сеул“.
Ова не е првпат Јужна Кореја да се најдат токсични хемикалии во производите на кинеските брендови за брза мода. Во август, фталати беа пронајдени во одредени чевли, од кои некои содржеа 229 пати повеќе од дозволената граница. Понатаму, влошката за сандали од Тему имаше 11 пати повеќе олово од дозволената граница.
Во претходна истрага во мај, официјалните лица во Сеул ги тестирале чевлите на Shein и пронашле 428 пати повеќе од дозволената граница на фталати, според извештајот на АФП.
Шејн, која планира да излезе на берзата во Велика Британија со проценета вредност од 65 милијарди долари, коментираше за ноемврискиот извештај. Нивниот портпарол истакна дека производите се тестирани во согласност со прописите, повикувајќи се на наодите на властите во Сеул.