![Какво време ќе имаме за продолжениот викенд?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/ec/407ed9ce-resize-820x0x100.jpg)
Во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во западните делови од снег и ќе се зголеми снежната покривка. Потоа во следните два дена ќе преовладува претежно стабило време со услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд, соопшти УХМР.
Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).