Во европските дестинации расте незадоволството поради постојаното зголемување на бројот на Airbnb недвижности и нарушувањата што тоа ги носи во функционирањето на локалното население.
Претходно оваа година, жителите на градовите, вклучувајќи Рим, Фиренца и Милано, саботирале кутии со клучеви како протест против феноменот на изнајмување недвижности и неговата тенденција да го зголеми растот на цените на становите.
Сега, италијанската влада воведе забрана за системот „самопријавување“ (self check-in), наведувајќи „ризици за јавниот ред и безбедност“. Тоа значи дека гостите кои престојуваат во изнајмени сместајни единици во Италија, преку платформите Airbnb или Booking, сега мора лично да бидат дочекаани од страна на сопствениците.
Забраната за кутии со клучеви беше донесена на 18 ноември и веднаш стапи на сила. Сепак, полицијата и локалните власти неодамна почнаа да ги информираат платформите за изнајмување и сопствениците на недвижности, јавуваат италијанските медиуми. Овие правила важат за сите видови краткорочно туристичко изнајмување станови, како што се изнајмувањата преку Airbnb и Booking.
„Автоматизираното управување со пријавување и влегување во објект без визуелна идентификација на гостите значи дека постои ризик дека објектот може да биде окупиран од едно или повеќе лица чиј идентитет останува непознат за надлежните полицијски органи, што претставува потенцијална опасност за заедницата“, се додава во соопштението. Министерството соопшти дека забраната е воведена како одговор на интензивирањето на феноменот на краткорочно изнајмување, што е резултат на бројни политички, културни и верски настани планирани во земјата, вклучувајќи го и јубилејот 2025 во Рим.
Што значи оваа забрана за туристите?
Новата одлука значи дека гостите веќе нема да можат самостојно да се пријавуваат во објектите, на пример, да добиваат шифра за отворање на кутијата со клучеви. Наместо тоа, сопствениците или менаџерите за изнајмување ќе мора да се сретнат со гостите лично за да ги потврдат идентификациските документи и да ја извршат процедурата за пријавување. Личните податоци и документи на гостите сопствениците ќе мора да ги испратат до полицијата во рок од 24 часа од моментот на пријавувањето.
Роберто Гаултиери, градоначалник на Рим, ја пофали забраната како добра вест за сите и ја поздрави, како што нагласи, укинувањето на катанците и кутиите кои ги расипуваат улиците и спречуваат адекватни безбедносни проверки. Тој додаде дека има намера да воведе соодветни методи за интервенција за отстранување на сите овие видови уреди.
Извор: eupravozato.mondo.rs