Во првиот чекор кон проширување на европскиот пазар, социјалната мрежа TikTok лансираше услуга за купување во апликација во Шпанија и во Ирска. Така, TikTok ја лансираше TikTok Shop, овозможувајќи им на корисниците да купуваат директно преку социјалната мрежа.
„Оваа услуга ќе им овозможи на корисниците да купуваат производи и да комуницираат со компаниите и креаторите во реално време“, се вели во соопштението на компанијата и се истакнува дека опцијата за продажба на производи е достапна само за компании со седиште во Шпанија и во Ирска.
Функцијата за купување во апликацијата официјално беше имплементирана во Шпанија, со производи кои се претставени во дигиталните продавници, вклучувајќи електрични фрители и додатоци за здравје, со цени кои се движат од 3 евра (3,16 долари) до 60 евра, според списокот што го сподели TikTok со креаторите и прегледано од Блумберг.
Според достапните податоци на компанијата, TikTok во Шпанија го користат 20 милиони луѓе месечно.
Компанијата тврди дека работи со доверливи платформи за плаќање од трети страни за да овозможи безбедни трансакции. Се вели дека TikTok ќе ги воведе и своите шопинг услуги во Франција, Германија и во Италија.
Услугата се покажа како еден од најбрзорастечките сектори на кинескиот сопственик на TikTok, ByteDance Ltd, а проширувањето на европскиот пазар се смета за обид да се најдат алтернативни пазари, откако на компанијата и се закани забрана од САД, освен ако кинеската ByteDance го продаде својот удел.
Извор: inovativnost.mk