Илон Маск е првиот човек кој достигнал богатство од над 400 милијарди долари, според Форбс и Блумберг, јави ДПА. Неговото богатство главно се состои од акции во производителот на електрични автомобили Тесла и компанијата SpaceX.
По американските претседателски избори на почетокот на ноември, растот на цената на акциите на Tесла го направи Маск (53) значително побогат, барем на хартија. Инвеститорите шпекулираат дека Тесла ќе има корист од моменталната блискост на Маск со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наведува ДПА.