Доколку на вашето интервју му се гледа крајот тогаш едно од последните прашање што вашиот потенцијаен работодавач би можел да ви го постави е "Дали имате било какви прашања за мене?". Иако нема директно да ви каже, но вашиот интервјуер ќе очекува да имате некои прашања. Не поставувајќи никакви прашања може да направи да изгледате неподготвени или незаинересирани, па затоа одвојте време и спремете неколку прашања.
Поставувањето прашања може да ви даде можност да нагласите некои од вашите квалитети, вештини или искуство и да му покажете на работодавачот зошто сте одличен кандидат за позицијата. Специфичните прашања ќе ви овозможат да го импресионирате интервјуерот со вашето знаење и интерес за индустријата, истовремено утврдувајќи дали ова е вистинската работа за вас.
Треба да знаете дека доколку сакате да оставите добар впечаток постојат одредени "правила" кои би било добро да ги следите.
Не поставувајте повеќе прашања наеднаш
Избегнувајте да го "бомбардирате" интервјуерот со повеќе прашања наеднаш. Интервјуто е време за работодавецот да ве запознае вас, но и вие да дознаете нешто повеќе. Затоа само смирено, без брзање и поставувајте едно по едно прашање.
Избегнувајте "да" или "не" прашања
Повеќето прашања со "да" или "не" одговор најверојатно би можеле да се одговорат со пребарување на самата веб-страница на компанијата. Најдобро ќе биде да се држите до прашања кои ќе создадат дијалог помеѓу вас и работодавецот.
Поставувајте прашања на повеќе теми
Избегнувајте да поставувате прашања само за една област. На пример, доколку поставувате прашања само за вашиот менаџер интервјуерот може да претпостави дека имате проблем со авторитарни фигури. Поставувајте прашања за различни теми за да ја покажете вашата љубопитност и интерес за сите аспекти на конкретната позиција.
Не поставувајте лични прашања
Иако е добра идеја да се обидете да воспоставите врска со вашиот интервјуер, сепак не е добро да поставувате лични прашања кои не се од јавен карактер. За да избегнете одредени непријатности, најдобро е да ги избегнувате прашањата од ваков тип.