Носењето на облека и модни детали во специфична боја за да се чувствувате подобро е дел од трендот на „допаминско облекување“ или користење на облеката за подобрување на расположението.
Доколку сте под стрес, можеби малку „шопинг терапија“ ќе ви помогне. Носењето облека во „смирувачка“ боја може да донесе долготрајно чувство на смиреност и рамнотежа во вашиот ден. Различните бои можат да влијаат врз нашето расположение, објаснува Мишел Луис, експерт за психологија на бои и основач на „The Color Cure“, пренесува „New York Post“.
Иако жолтата може да го подобри расположението, а розовата може да создаде чувство на удобност, сепак зелената е клучна за чувството на рамнотежа.
Како што вели Луис за „Business Insider“, зелената е примарна боја во психологијата која ги балансира црвената, жолтата и сината боја.
„Премногу сте под стрес? Зелената ќе ве смири. Се чувствувате лошо? Оваа боја може да го подобри вашето расположение“, вели тој. Луис исто така истакнува дека зелената боја смирува и нѝ помага во емотивниот развој, па така и тој самиот сака да ја носи.
Психологот Елен Албертсон изјави за „Very Well“ дека носењето зелено може да донесе чувство на релаксација и смиреност, а и студиите ја поддржуваат оваа теорија. Така, една студија од 2017 година покажа дека престојот во зелена средина е поврзан со понизок крвен притисок и побавен пулс.