Во 1952 година, Лондон се соочи со една од најтрагичните епизоди во својата историја – Големиот смог. Пет дена густа загаденост на воздухот предизвикаа смрт на 12.000 луѓе, означувајќи пресврт во борбата против загадувањето. Овој проблем датираше со векови, но се влоши со индустријализацијата во 18 век, кога согорувањето на јаглен и фабриките генерираа огромни количини чад.
Во декември 1952 година, екстремно студеното време, употребата на загадувачки јаглен и временските услови кои го заробуваа чадот создадоа густ смог кој го парализираше градот. Луѓето се соочија со опасно ниска видливост и тешкотии при дишењето. Додека првично властите не ги препознаа причините, брзо следеа мерки како забраната за чад во одредени делови од градот и усвојувањето на Законот за чист воздух во 1956 година.
Овие реформи, заедно со постепеното заменување на јагленот со гас и пренесувањето на електраните надвор од градот, помогнаа да се намали смогот. Иако проблемот не беше веднаш решен, Лондон никогаш повеќе не се соочи со катастрофа од размерите на Големиот смог од 1952 година. Денес, квалитетот на воздухот сè уште е предизвик, но историските мерки служат како пример за борба против загадувањето.
Извор: vecer.press