Римската Фонтана ди Треви, едно од најпопуларните места во Италија, повторно е отворена по тримесечна обнова. За овој проект потрошени се 327.000 евра.
Изградена во 18-тиот век, дело на италијанскиот архитект Никола Салви на фасадата на Палатата Поли, оваа историска фонтана привлекувала меѓу 10.000 и 12.000 туристи дневно. За да се спречат големи гужви по обновата, воведен е нов систем за редови. Градоначалникот на Рим, изјави дека ограничувањето на посетителите ќе им овозможи на сите "повеќе да уживаат во фонтаната, без гужви и конфузија".
Споменикот ќе биде ограничен на 400 посетители во исто време.
„На овој начин, посетителите ќе имаат доволно време да ја разгледаат и да ги разберат вредностите што ги претставува“, изјави римскиот надзорник за културно наследство.
Посетителите ќе мора да направат онлајн резервација и да платат 2 евра (2,20 долари) за влез. Кога ќе влезат, ќе имаат 30 минути да уживаат во фонтаната.
Повторното отварање, што се одржа во неделата, собра неколку стотици туристи. Многумина го следеа примерот на градоначалникот и фрлија монета во фонтаната, следејќи ја традицијата која ветува враќање во Рим.
Реставрацијата, која траеше три месеци, вклучуваше отстранување на мувла и каменички наслаги. Фонтаната и други клучни локации во градот беа исчистени во подготовка за јубилејот на Римокатоличката црква, кој започнува на Бадник.
Лошата состојба на фонтаната стана очигледна во 2012. година, кога нејзините раскошни делови почнаа да паѓаат по остри зими. Поради тоа, следната година беше изведена реновација вредна неколку милиони евра.
Фрлањето монета во фонтаната стана традиција, толку популарна што градските власти некогаш собирале околу 10.000 евра неделно. Тие пари биле донирани на хуманитарни организации кои обезбедуваат оброци за сиромашни.
Извор: eupravozato.mondo.rs