Платите во Холандија растат, каматните стапки на хипотеките паѓаат, а недостигот на станбен простор останува константен, што ќе доведе до уште поголема конкуренција на пазарот на недвижности и повисоки цени, додава банката.
Според прогнозите, цените на становите во Холандија ќе продолжат да растат и во 2026 година, за повеќе од четири проценти, што значи дека темпото на раст ќе биде значително побрзо од просекот во Еврозоната, пренесува NL Times.
Новата градба ќе помогне да се намали недостигот во станбената понуда во наредните години, но планот на холандската влада да изгради 100.000 станови годишно не е изводлив на краток рок, наведува Централната банка на Холандија (DNB).
Холандската централна банка исто така наведе дека тамошната економија оваа година ќе порасне за 0,9 проценти, а во 2025 и 2026 година за по 1,5 проценти годишно, додека годишната инфлација во Холандија ќе изнесува околу три проценти.
Извор: b92.net