Научници од Универзитетот во Питсбург откриле дека бојата на очите покажува колкава е издржливоста на болка кај одредено лице, како и за кои спортови е талентирано.
Според нивното истражување, синооките и зеленооките припаднички на понежниот пол помалку чувствуваат болка при породување во однос на жените со црни и костенливи очи.
Интересно е дека на синооките лица им се потребни поголеми количества алкохол за да се опијат, во споредба со темнооките.
Зошто е тоа така? Научниците го пронашле одговорот во гените. Прво, постојат 12 различни комбинации на гени кои им даваат одредена боја на очите. Меѓутоа, освен што ги „бојадисуваат“ очите, тие гени влијаат и на други случувања во организмот. на пример, меланинот кој влијае нечии очи да бидат потемни, истовремено ги забрзува реакциите во мозокот, поради што темнооките лица се почувствителни на алкохол.
Докажале и дека лицата со темни очи, поради карактеристичните комбинации на гени, постигнуваат подобри резултати во спортовите како што е безбол, додека синооките се подобри во активности каде е потребно планирање, како што е играње голф.