Скопје утринава беше во друштво со најзагадените градови во светот утринава варира меѓу 8 мото и 11 место, со висок индекс на загадување од 183, според последните податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“.
Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 100, 7 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 94,7 микограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 20 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација
Најзагаден град во светот во моментов е Лахоре во Пакистан. По него на списокот се Делхи, а на третото место е Сараево. Еко активистите алармираат дека се потребни итни мерки, поради сериозните последици врз здравјето на лугето од аерозагадувањето.
Извор: kanal5.com.mk