Цените на храната забележаа благ пад во декември 2024 година, со значително поевтинување на шеќерот и стабилни цени на житарките, соопшти Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).
Индексот на цените на основните прехранбени производи на ФАО изнесуваше 127,0 поени, што е намалување од 0,5 % во однос на ноември. Сепак, споредено со декември 2023 година, цените се повисоки за 6,7 %. На годишно ниво, во 2024 година, цените на храната опаднаа за 2,1 %.
Цените на шеќерот паднаа за 5,1 % во декември, благодарение на подобрените прогнози за жетвата кај водечките производители. Во споредба со декември 2023 година, шеќерот е поевтин за 10,6 %.
Цените на млекото и млечните производи паднаа за 0,7 % во декември, прв пат од април, поради пониска побарувачка за путер и акумулирани залихи. Во однос на декември претходната година, цените се повисоки за 17 %.
Цените на житарките останаа стабилни во декември, но на годишно ниво се за 13,3 % пониски. Цените на растителните масла паднаа за 0,5 % во декември, но во текот на 2024 година тие беа за 9,4 % повисоки од 2023 година.
Месото забележа скромен раст на цените од 0,4 % во декември, додека на годишно ниво цените се зголемени за 7,1 %.
ФАО истакнува дека падот на цените на храната во декември е значаен, но годишните промени покажуваат значителни разлики по категории.
Извор: racin.mk