
И утре во Македонија ќе има повремени врнежи од претежно слаб снег во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат во минус.
Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во деновите потоа ќе преовладува стабилно и понатаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени.
Од средината на неделата ќе има услови за појава на утринска магла.