Стотици вевчанци на температури околу нулата вчера попладне ги презентираа своите маски на традиционалниот Вевчански карневал кој се организира за празникот Св. Василиј, односно Василица.
Дефилето на маски мотивирани од различни животни ситуации и оваа година привлече голема посетеност. Ова е втор ден од карневалот, откако во неделата и официјално започна со музичка програма.
Карневалот завршува денес со василичарско оро и палење на овогодишните маски во центарот на селото.
Вевчанскиот карневал минатата година беше прогласен од Министерството за култура и за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.
Целата галерија може да ја погледнете на: Radiomof.mk