Анализирајќи лет помеѓу Њујорк и Тексас, пилотот изјавува дека заработил вкупно 1.556 долари за тој лет. Како што објаснува пилотот Герет Реј во видео кое го објавил, платен е околу 200 евра по работен час, но објаснил што тоа значи во однос на времето кое го поминува на секое од тие патувања, пренесува N1.
Анализирајќи ги трошоците за одреден лет, тој прво патувал како патник од аеродромот ЛаГвардија во Њујорк до меѓународниот аеродром Далас Форт Ворт во Тексас, а потоа се вратил назад. За таа работа вкупно заработил 1.556 долари (1.227 фунти).
Пилотот изјавил дека ја сака оваа рута бидејќи може да заврши задачи додека е во „deadheading“ и не е долго отсутен пред да се врати дома.
Иако поминал нешто повеќе од седум часа во авионот, вкупното „време надвор од базата“ му било малку повеќе од девет часа, што значи дека патувањето било кратко и можело да се заврши во еден ден.
Пилотот исто така кажал дека би можел да заработува и повеќе ако напредува на позиција капетан или ако избира одредени рути во одредени термини. Во друго видео објаснил како заработил 5.500 долари (4.515 фунти) за подолг лет помеѓу Феникс и JFK, каде што му биле пресметани и дополнителни фактори како празнични надоместоци.
Извор: mojposao.hr