Forza Wine Bar & Restaurant е фамилијарен ресторан во населба Тафталиџе, замислен како пријатно место надвор од градска гужва, место за уживање и вкусна храна. Место кое има свој зимски амбиент - затворен пушачки дел со 88 места и внатрешен непушачки дел со 52 места, летна тераса со 120 места, детска игротека од 650 m2 и приватен паркинг наменет за редовни гости со капацитет од 25 паркинг места.
Шанкерот е одговорен за подготвување и сервирање пијалаци согласно стандардите на ресторанот, како и за создавање пријатно искуство за гостите преку квалитетна и брза услуга. Неговата улога е клучна за обезбедување одличен квалитет на пијалаците и позитивна атмосфера за сите посетители.
Келнерот е одговорен за професионална и брза услуга на гостите, од преземање нарачки до послужување храна и пијалаци. Неговата улога е да создаде пријатна атмосфера за гостите, да се погрижи за нивните барања и да обезбеди високо ниво на услуга.
Аплицирајте за отворените работни позиции:
Шанкер во бар/ресторан
линк за повеќе детали и аплицирање
Келнер во ресторан
линк за повеќе детали и аплицирање