Националниот ден на лалињата денеска го означи официјалниот почеток на сезоната на лалиња во Холандија.
По повод овој празник, во Амстердам е отворена голема градина со околу 200.000 лалиња, кои посетителите можат да ги берат, јавуваат холандските медиуми.
Овој настан оваа година има посебно значење бидејќи се совпаѓа со 750-годишнината од основањето на Амстердам.
Мотото на овогодинешната сезона на лалиња е „Прославете го вашиот важен датум“, а целта е да се поттикнат луѓето да купат букети од овие цвеќиња за да одбележат лична прослава.
Годинава ќе биде претставен и нов вид на лале кое го носи името на холандскиот пејач Иво Беренсе.