По тринеделен зимски распуст, денеска за учениците од основните и средните училишта почнува второто полугодие од оваа учебна година.
Учебната година ќе заврши на 10 јуни, освен за матурантите, кои ќе имаат настава до 16 мај.
Оваа година учениците нема да имаат пролетен распуст, како што беше случај минатата година, кога учебната година траеше до 17 јуни.
По повод почетокот на второто полугодие, министерката за образование и наука, им посака успешно совладување на новите предизвици на учениците, наставниците и родителите, посочувајќи дека сите заедно треба да придонесат во градењњто на безбедни училишта во кои владее култура на разбирање и собработка.
Извор: 360stepeni.mk