Откако не беше во функција 12 часа во Соединетите Американски Држави, ТикТок им се врати на многу корисници, како никогаш да немало прекин. Ова следи по потегот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој рече дека ќе издаде извршна наредба по неговата инаугурација во понеделник, за одложување на забрана или продажба на апликацијата.
И за неколку часа, пристапот до апликацијата и веб-страницата ТикТок почна да им се враќа на американските корисници. Од ТикТок, пак, соопштија дека ветувањето на Трамп дека ќе ја спаси апликацијата им овозможило да го вратат пристапот до американските корисници, дури и пред да биде потпишана неговата очекувана извршна наредба.
Во сабота на полноќ, 170 милиони Американци кои се обидоа да ја отворат апликацијата ја добија пораката со следна содржина: „засега не можете да го користите ТикТок“. Сепак, иако исклучувањето на ТикТок траеше само неколку часа, обезбедувањето на долгорочната иднина на апликацијата во САД веројатно ќе биде многу посложено.