Поради недостиг на парно греење, учениците денеска во Скопје беа пуштени порано да си заминат дома. Родителите беа информирани од страна на класните раководители дека ќе ги губат последните неколку часови.
Инаку денеска започна првиот училишен ден во новата 2025 по завршувањето на зимскиот распуст.
Дел од родителите ги земале порано и децата од градинките, иако во некои од нив биле вклучени клима уредите.
АД ЕСМ Снабдување информираше дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија.
Од таму додадоа дека се работи на што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите, но нема прецизен рок до кога ќе биде надминат дефектот.