Најновиот извештај кој го пренесе Еуроњуз ги стави Македонија, Србија и Полска на ист ранг но во контекст на земји со најзагаден воздух во Европа.
Земјава во 2021 година забележала најлош резултат во Европа по бројот на смртни случаи со 255 предвремени смртни случаи од изложеност на ситни честички на секои 100.000 луѓе а како главен причинител на ваквата состојба се наведуваат прашина, чад и издувни гасови, но и азот диоксид од согорувањето на горивата и озонот.
По нас е Србија со 210 случаи, па Црна Гора со 174.
Од земјите од ЕУ, Бугарија имаше најлоша статистика со 158 смртни случаи на 100.000, а потоа следат Полска и Унгарија, пишува Еуроњуз.
Според овој извештај, загадувањето на воздухот било причина за 357.000 смртни случаи во ЕУ во 2022 година, со најголем ризик за здравјето на постарите лица.
Во 2024 година, ЕУ воведе построги правила за квалитетот на воздухот, а граѓаните сега имаат право да преземат правни дејствија ако нивната влада не се придржува до овие механизми. Сепак, и понатаму загадувањето останува најголемиот ризик за здравјето и животната средина на европскиот континент.