Дали имате потешкотии за да најдете работа? Дали се чувствувате обесхрабено? Не се грижите. Секој што бил во потрага по работа се почувствувал така во одреден дел од потрагата. Треба да знаете дека постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат побрзо да ја пронајдете и добиете работата што ја посакувате. Се што треба да направите е да ги следите истите.
Аплицирајте само за одредени работни позиции. Вашето пребарување ограничете го само на оние работни места за кои сте квалификувани. Испраќање биографии на случајни огласи ќе биде само губење време. Пред да започнете со потрагата одвојте време и одлучите каква работа барате.
Не престанувајте да аплицирате. Повеќето работобаратели се барем 15 пати одбиени пред да добијат понуда за работа. Учете од своите грешки и продолжете да аплицирате додека не ја добиете посакуваната позиција.
Внимавајте на мотивационото писмо. Имате неколку секунди за да го импресионирате потенцијалниот работодавач. Поради тоа, внимавајте на структурата на писмото и потрудете се првиот параграф да биде со содржина која ќе успее да го задржи вниманието на работодавачот.
Зборете само позитивни работи. Негативните коментари за претходните претпоставени или колеги може само да остави лош впечаток за вас. Доколку тоа го направите, интервјуерот ќе помисли дека во случај да ве вработи истото тоа ќе се случи кога ќе бидете во потрага по друга работа.
Не го вклучувајте целото ваше искуство во биографијата. Некои ставаат цело децениско работно искуство во нивните резимеа. За жал, тоа нема да импресионира никого. Прво, станува збор за информации и второ, тоа може да биде премногу искуство за повеќето работни места.
Бидете свои. Клише одговори, лажна насмевка и кажување на работи кои мислите дека интервјуерот сака да ги слушне на никого не му донеле позитивен исход. Работодавачите сакаат да знаат кого точно вработуваат и затоа уникатноста и искреноста се високо ценети.
Аплицирајте повторно за истата позиција. Аплициравте за работата од соништата, но не сте добиле повратен одговор. После некое време ја гледата истата позиција повторно објавена. Аплицирајте и по втор пат, но пред да го направите тоа бидете сигурни дека барањата на работната позиција и вашите квалификации во биографијата и мотивационото писмо се усогласени и доволно истакнати.