Поради бројните гранични и други транспортни проблеми во Шенген зоната
Делегацијата на меѓународната транспортна асоцијација БСЕЦ-УРТА, која е унија на патните транспортни асоцијации во регионот на економската соработка на Црното Море, со претставниците на Европскиот парламент и на ЕК, побарала изземање на возачите од регионов од општите правила за влез во ЕУ, што е привилегија што ја имаат екипажите во поморскиот, авионскиот и во железничкиот транспорт.
Имено, професионалните возачи од земјите што не се членки на ЕУ имаат право да престојуваат во Шенген зоната без виза 90 дена, во период од 6 месеци (180 дена), а секој престој подолг од 90 дена мора да биде покриен или со долгорочна виза или со дозвола за престој издадена од земја членка, можност што ја имаат туристите што влегуваат во ЕУ.
Оливера Миовска, потпретседател на БСЕЦ-УРТА, која ја предводи македонската транспортна асоцијација БЕСТ МОБИЛИТИ – НТА, вели дека се добиени позитивни сигнали од Европскиот парламент за можно решавање на проблемот со престојот во Шенген зоната.
Професионалните возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција и од Молдавија се погодени од регулативата за ограничување на нивниот престој во земјите на Европската Унија. Имено, професионалните возачи од земјите што не се членки на Европската Унија имаат право да престојуваат во Шенген зоната без виза 90 дена, во период од 6 месеци (180 дена). Според законодавството на ЕУ, овој безвизен период не може да се продолжи, така што секој престој подолг од 90 дена мора да биде покриен или со долгорочна виза или со дозвола за престој издадена од земја членка, можност што ја имаат туристите што влегуваат во ЕУ.
Токму за промени во оваа регулатива, но и за многу други проблематични транспортни прашања, било разговарано на средбата во Брисел на делегацијата на меѓународната транспортна асоцијација БСЕЦ-УРТА, која е унија на патните транспортни асоцијации во регионот на економската соработка на Црното Море, со претставниците на Европскиот парламент и на Европската комисија. Од претседателот на БСЕЦ-УРТА, Едуарт Каса, било побарано изземање на возачите од регионов од општите правила за влез во ЕУ, што е привилегија што ја имаат екипажите во поморскиот, авионскиот и во железничкиот транспорт.
Унијата веќе еднаш го одби барањето за изземање на професионалните возачи од ограничениот престој во Шенген зоната и им предложи да аплицираат за продолжување на престојот. Тоа значи дека ќе треба да добијат работна виза која подразбира вработување и обезбеден престој во Шенген зоната. Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и за меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, пред една недела изјави дека ваквата мерка ќе ги натера возачите да заминат на работа во странство, со што ќе поскапат транспортните услуги и до 30 проценти, нешто што нема да може да го издржат транспортните компании во регионов.
Грбиќ потсети дека од 2019 година, околу 7.500 професионални возачи ја напуштиле БиХ и дека сега на секоја компанија во државата ѝ недостигаат од 5 до 50 возачи. Таква е ситуацијата и во другите земји од регионот.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press