Иако забраната на ТикТок во САД не траеше долго, на eBay и понатаму можат да се најдат телефони со инсталиран ТикТок за кои сопствениците бараат неколку десетици илјади долари, а апсолутен шампион е еден оглас во кој за телефон со познатата апликација се бара цел милион.
Социјалната мрежа почна повторно да функционира во САД, по кратката забрана поради стравувања дека ја загрозува националната безбедност, сепак оваа апликација сè уште ја нема во App Store, а сенката на гасењето сè уште се надвиснува над кинеската компанија.
Иако услугата е вратена во САД, апликацијата сè уште е ограничена за понатамошно преземање во App Store, што доведе до тоа некои да веруваат дека фактот што сè уште ја имаат инсталирана, може да ја зголеми вредноста на нивниот уред.
TikTok, кој е во сопственост на кинескиот BiteDance, се наоѓа во состојба на неизвесност во САД по потпишувањето на извршната наредба од Трамп во понеделникот, со која се овозможува TikTok да остане во работа во САД уште 75 дена. Таа наредба има за цел да ја суспендира забраната која стапи на сила откако Врховниот суд минатата недела ја потврди важноста на законот за национална безбедност кој би казнил продавници на апликации и доставувачи на услуги за хостирање на ТикТок.
Извор: bizlife.rs