Денешните ниски температури се чини ќе бидат последниот удар на оваа зима. Студено ќе биде и понатаму но температурите нема да одат толку длабоко под нулата како во последните неколку недели.
Веќе од утре се најавуваат околу 1 степен под нулата минимални температури во Скопје, а од почетокот на идната недела ќе има и денови кога нема да се регистрираат негативни температури.
Тоа ќе биде последица од наоблачувањето кое се очекува од понеделник и кое треба да донесе главно дожд, а само на повисоките места снег. Најтопло до крајот на овој месец ќе биде кон средината на идната недела кога се очекуваат максимални 8 степени, а минималните температури ќе останат над нулата.
Еден исклучително студен ден ќе имаме на крајот од идната недела за кога се очекува преодно разведрување. Доколку се исполнат прогнозите и денот биде ведар, се очекува ноќта температурата да падне и под минус 15.
Но ваквата состојба според синоптичарите нема да се задржи долго бидејќи се очекува ново наоблачување кон крајот на месецот кое повторно ќе ги подигне температурите.
И се гледа крајот и на оваа зима - временска прогноза до крајот на јануари
News
-
Мистер Бист собира пари за да го купи ТикТок
Блумберг наведува дека групата инвеститори која ја води Мистер Буист собрале 20 милијарди долари за купување на ТикТок.
-
Турција постави нови рекорди во туризмот
Турција во минатата година примила 62,27 милиони посетители, што претставува раст од 9,8 отсто во однос на 2023, и од дури 20,3 отсто повеќе во споредба со 2019, последната пред пандемијата.
-
Повеќе од три четвртини од луѓето во Франција користеле алатки со вештачка интелигенција при барање работа
Испитаниците од најновото истражување во Франција рекоа дека автоматските препораки кои ги нудат платформите како LinkedIn, се најчесто користени алатки за вештачка интелигенција, а 63% од испитаниците ги користеле барем еднаш.
-
Постигнал необичен рекорд па влегол во Гинисовата книга на рекорди: За помалку од 12 часа посетил неверојатен број музеи
Бен Мелхам (42) постави рекорд за „најмногу посети на музеји во 24 часа“, иако својот подвиг го заврши за помалку од половина од тоа време.
-
Кои земји во Европа автоматски даваат државјанство по раѓање, без оглед на националноста на родителите?
Претседателот на САД, неодамна изјави дека САД се единствената држава на светот која нуди државјанство на дете родено на нејзина територија, без оглед на националноста на родителите. Но, тоа не е точно - многу други земји ја практикуваат принципот на неограниченост - jus soli, што значи „право на земја“, вклучувајќи ги соседите на САД, Канада и Мексико.
-
Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборавила да оди
Една од астронаутките на НАСА откри дека ја изгубила способноста да извршува неколку основни функции откако поминала осум месеци во вселената.