Хрватска е вклучена меѓу петте најдобри светски дестинации за 2025 година според извештајот Luxe Report на американскиот Virtuoso, еден од водечките оператори за луксузни патувања. Ова го соопшти министерот за туризам и спорт Тончи Главина на туристичкиот саем „New York Travel & Adventure Show“ во Њујорк, каде Хрватска годинава е земја-партнер.
Хрватскиот павилјон на саемот доби признание за најдобар, додека делегацијата оствари средби со партнери како Sky Vacations, кој промовира помалку познати дестинации, и со организаторите на Spartan trail, што повторно ќе се одржи во Хрватска оваа година.
„Ова е дополнителна потврда за глобалното признание на Хрватска како дестинација што нуди квалитет, автентичност и уникатни доживувања,“ изјави Главина.
Минатата година, Хрватска од американскиот пазар оствари 776.000 пристигнувања и 2,2 милиони ноќевања, што претставува пораст од 9 проценти во пристигнувањата и 8 проценти во ноќевањата споредено со 2023 година, соопшти Хрватската туристичка заедница.
Извор: poslovni.hr