За првпат забележан минатиот месец со телескоп во Чиле, астероидот блиску до Земјата – означен 2024 YR4 – се проценува дека е со дијаметар од 40 до 100 метри.
Новооткриениот астероид има мали шанси да удри во Земјата во 2032 година, соопштија вчера претставници на американската вселенска агенција.
Научниците процениле дека шансите овој астероид да удри во Земјата се нешто повеќе од еден процент.
-Воопшто не сме загрижени за овој астероид, 99 проценти што ќе ја одмине Земјата, рече Пол Чодас, директор на Центарот за проучување на објекти блиску до Земјата на НАСА, додавајќи дека сепак „заслужува внимание“.
За првпат забележан минатиот месец со телескоп во Чиле, астероидот блиску до Земјата – означен 2024 YR4 – се проценува дека е со дијаметар од 40 до 100 метри.
Научниците внимателно ја следат вселенската карпа, која моментално се оддалечува од Земјата. Чодас и други научници рекоа дека како што патот на астероидите околу Сонцето станува подобро разбран, има добри шанси ризикот за Земјата да се намали на нула.
Астероидот постепено ќе исчезне од погледот на астрономите во следните неколку месеци, соопштија НАСА и Европската вселенска агенција. Дотогаш, некои од најмоќните телескопи во светот ќе продолжат да го следат за подобро да ја одредат нејзината големина и траекторија. Откако ќе исчезне од видното поле, нема да биде видливо до 2028 година.
Астероидот YR4 го направи своето најблиско приближување до Земјата на Божиќ – поминувајќи покрај Земјата на околу 800.000 километри, што е приближно двојно повеќе од растојанието до Месечината.
Чодас рече дека научниците ги проучуваат претходните истражувања од 2016 година, кога, според пресметките, тој астероид исто така се приближил до Земјата.
Ако научниците успеат да ја пронајдат вселенската карпа на сликите од тоа време, би требало да можат да утврдат дали ќе ја погоди или ќе ја пропушти планетата, изјави тој за Асошиејтед прес.
Астероид со таа големина удира во Земјата на секои неколку илјади години, соопшти ЕСА, со потенцијал да предизвика сериозна штета. Затоа YR4 сега е на врвот на листата на ризик од астероиди на ESA. Потенцијалниот удар би се случил на 22 декември 2032 година. Прерано е да се знае каде би можел да ја погоди Земјата.