Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ информира дека утврдила лажна вест со која, како што велат, е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од група наречена „Јавен превоз Скопје“.
Според ЈСП, оваа група не е поврзана со Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, а се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.
На објавата на „Јавен превоз Скопје“, меѓу другото, пишува дека се работи за „ексклузивна понуда за жителите на Скопје“ и „понудата важи само за првите 500 клиенти“.
Извор: radiomof.mk