Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 милион и 45 илјади патници, во градско-приградскиот превоз 8 милиони и 388 илјади, во железничкиот превоз 59 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 975 101.
Фокусот на Тера е превозот на патници во железничкиот сообраќај.
Ако во третиот квартал од 2024 година бројката на превезени патници била 59 илјади, во вториот квартал од 2024 таа е 69 илјади патници, а во првиот само 42 илјади.
Во 2023 година најмногу патници кои користеле воз имало во првиот квартал 102 илјади.
За време на пандемијата намален беше бројот на патници, тогаш беа укинати бесплатните патувања. Најмалку имало во вториот квартал од 2020 само 28 илјади патници.
Ако се вратиме назад скоро повеќе од една деценија на пример во четвртиот квартал од 2011 година имало превезени дури 366 илјади патници. Оваа бројка по квартали е практично највисоката од 2011 до 2024 година, а после неа исто така висока бројка на превезени патници има во третиот квартал од 2015 година 309 илјади, а во четвртиот квартал од истата 2015 година бројката на превезени патници е 352 илјади.
Тоа значи дека од 366 илјади превезени патници во четвртиот квартал од 2011, ланската година во третиот квартал имало само 59 илјади или за скоро 300 илјади помалку, споиредувано според кварталните извештаи.
Во публикацијата од 2015 година има и за бројот на отпатувани патници од железничката станица во Битола.
Извор: tera.mk