![Отклучете нови HR стратегии на HR Days конференцијата!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/26/5af8ab62-resize-820x0x100.jpg)
Подгответе се за три дена инспирација, учење и одлична енергија – 13. HR Days конференција е скоро тука! Од 6-ти до 8-ми мај, сите патишта водат кон Ровињ, поточно во прекрасниот хотел Lone, каде што ве очекува настан што ги обединува најдобрите експерти од светот на човечките ресурси. Доколку сте во HR, ова е вистинското место за размена на идеи, искуства и најдобри практики – не сакате да го пропуштите!
Што ве очекува?
Секако, актуелни теми за кои ќе се зборува и кои ќе можете детално да ги продискутирате со колегите и експертите. На агендата се:
- Транспарентност во платите – како да бидете отворени за платите, а сите да останат задоволни.
- Compensation & Benefits пакети – затоа што сите сакаме да слушнеме повеќе за „бенефициите“.
- Стратегии за регрутација и таленти – да, сè уште бараме совршени луѓе за нашите тимови.
- Интеграција на странски работници – затоа што глобалниот пазар не е само тренд, туку реалност.
Но, тоа не е сè!
Ќе навлеземе во важноста на внатрешната комуникација – затоа што нема добар тим без добра комуникација. Преку практични примери, ќе научите како да ги препознаете ризиците за заминување на вработените и како да ги задржите пред да почнат да размислуваат за конкуренцијата. Знаете како велат – превенцијата е половина здравје (и стабилен тим).
А што е со промените? Да, никој не ги сака, но токму затоа ќе учиме како да се управува со промените со посебен фокус на тоа како организациите успешно да ги спроведат и да се адаптираат на новите пазарни услови. Дополнително, ќе зборуваме за автентични стилови на лидерство – затоа што лидерството не е само позиција, туку вештина што прави разлика помеѓу добар и одличен тим.
Зошто треба да бидете на HR Days конференцијата?
Затоа што во текот на овие три дена ќе добиете увид во најдобрите HR практики од регионот и ќе научите како да ги примените во вашата организација. Ова не е само конференција – тука се создаваат пријателства, се разменуваат идеи и се отвораат можности за деловна соработка. Прегледот на темите и говорниците што ве очекуваат годинава можете да го најдете на нашата веб-страница.
И, да – започна ловот на рани пријави!
До 9-ти март можете да ја обезбедите вашата котизација по поволна цена. Сите детали за тоа што е вклучено (навестување: многу корисни работи!) и како да се пријавите, ги имате на нашата веб-страница.
Придружете ни се на 13-тото издание на HR Days конференцијата и бидете дел од ова едукативно, инспиративно и, се осмелуваме да кажеме, незаменливо случување на годината!
Се гледаме во прекрасниот Ровињ, во хотелот Lone!