Каде може да се скија за поевтини пари?
Британскиот магазин „Тајм аут“ објави листа на десет најевтини скијачки центри во Европа, а Бјелашница, планина во Босна и Херцеговина кај Сараево, го зазеде првото место.
Скијачкиот центар Бабин До е познат по своите висококвалитетни падини совршени за искусни скијачи, но и за почетници, како и сцените од бајките од снег кои го одземаат здивот.
Се протега на северните падини на планината Бјелашница над Сараево и нуди вкупно 14,3 километри патеки. Звучи познато? Тоа е затоа што беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1984 година. И покрај неговата слава и разновидноста на патеки погодни и за почетници и за искусни скијачи, овој ски-центар е исклучително прифатлив – толку достапен што се најде на листата на најприфатливи скијачки центри во светот, пишува Time Out и ги дава цените.
„Цената на дневна ски карта за возрасни во сезоната 2025 е 25 евра, додека за тинејџери од 13 до 18 години чини 20,30 евра. Стандардниот сезонски билет за возрасни е 409 евра, а за тинејџери 214 евра“, наведуваат оттаму.
Освен Бјелашница, на врвот на листата се и Боровец во Бугарија, Фогел-Бохињ во Словенија и Ливињо во Италија.
Најприфатливите скијачки центри во Европа:
Бјелашница, Босна и Херцеговина
Боровец, Бугарија
Фогел-Бохињ, Словенија
Аринсал, Андора
Сан Вито ди Кадоре, Италија
Ливињо, Италија
Les Menuires, Франција
Јасна Низке Татри, Словачка
Ишгл, Австрија
Сер Шевалие, Франција