![Кога е следниот неработен ден во Македонија?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/bf/7369d4fb-resize-820x0x100.jpg)
Следниот неработен ден во Македонија е на 30 март 2025 година (недела), кога се одбележува Рамазан Бајрам. Бидејќи овој празник паѓа во недела, неработен ден ќе биде 31 март 2025 година (понеделник).
Претстојната 2025 година ќе ни донесе помалку продолжени викенди од годината којашто изминува. Погледнете кои денови ќе бидат неработни, а кои викенди ќе бидат продолжени за да можете однапред да ги испланирате вашите патувања, авантури, семејни или пријателски дружби...
За сите граѓани на РМ:
- 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден.
- 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
- 1 мај (четврток), Ден на трудот,
- 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
- 2 август (сабота), Ден на Републиката,
- 8 септември (понеделник), Ден на независноста,
- 11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
- 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
- 8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски“.
За граѓаните од православна вероисповед
- 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
- 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
- 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
- 1 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
- 25 декември (четврток), првиот ден на Божиќ.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница
- 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука.
За граѓаните припадници на ромската заедница
- 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите.
За граѓаните припадници на влашката заедница
- 23 мај (петок), Национален ден на Власите.
За граѓаните припадници на еврејската заедница
- 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
За граѓаните припадници на бошњачката заедница
- 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.
За граѓаните припадници на турската заедница
- 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.