![Доаѓа втора тура снег!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/6e/1623efe6-resize-820x0x100.jpg)
Влијанието на ладната воздушна маса која продира од истокот и од североистокот на Европскиот Континент останува и во следниот период и ќе условува ладно време. Сепак, во вторник (11 февруари) доцна попладне, навечер и во текот на ноќта кон среда, како и во среда (12 февруари) од запад во Македонија ќе се прошират врнежи кои ќе бидат претежно од снег, а само во некои пониски места, особено во Повардарието, како и во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд или повремено од дожд и од снег.
Во Скопскиот регион со овој бран ќе има врнежи од дожд и од снег, или појава на врнежи од влажен снег.
На повеќе места во западните предели ќе се формира снежна покривка и во градовите, додека на планините и на Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми.
Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тендсенција на понатамошно опаѓање и на повеќе места ќе се само за некој степен над нулата, или околу нулата, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачуваа до околу, или само за некој степен над 5 степени. Наутро пак за време на овој период температурите ќе бидат на повеќе места негативни, односно под нулата.