Инженери, информатичари, доктори, биолози, хемичари, но и техничари, електричари, водоинсталатери, медицински персонал – се само дел од најбараните занимања во Германија кои беа објавени од страна на Сојузната агенција за вработување
Според агенцијата, на најновата т.н. позитивна листа се наоѓаат професии кои квалификуваните работници без германско државјанство можат да ги извршуваат под одредени услови во Германија.
Како што се наведува во извештајот, за избор на професии кои ќе бидат на позитивната листа, Сојузната агенција за вработување ги анализира професиите зак ои постои недостиг од квалификувани работници, а една од мерките за да се намали недостатоког на труд е да се промовира насочена имиграција на квалификувани работници од странство кои би биле вработени токму на овие позиции.
Листа на најдефицитарни професии во Германија:
- Инженери
- Информатичари
- Доктори
- Биолози
- Хемичари
- Математичари
- Техничари
- Електричари
- Водоинсталатери
- Лакери
- Керамичари
- Готвачи/Пекари
- Столари
- Занаетчии од сите дејности
- Медицински персонал
- Негуватели.
Виза е потребна за барање работа
Новиот закон овозможува добивање на шестмесечна виза за влез во Германија за да се бара работа. Ова значи дека е забрането да барате работа ако дојдете преку безвизен режим или пак престојувате со туристичка виза. Посебно е истакнато дека сите странски државјани за време на овој шесмесечен престој во Германија мора да се грижат за себе и да докажат дека имаат доволно пари за да живеат во Германија и дека нема да сметаат на каква било социјална помош.