![Канцелариски „Love Language“: Како Pulser открива што вашите вработени навистина ценат?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/01/da47d610-resize-820x0x100.jpg)
„Од љубов ќе се искачуваме на планини, ќе минуваме мориња, ќе чекориме низ пустини и ќе поднесуваме неизмерни тешкотии. Без љубов, планините стануваат неосвоиви, морињата ненадминливи, пустините сурова пустош, а тешкотиите – наша секојдневна реалност“ – се зборовите на Гери Чепман. Овој познат американски автор својот живот го посветил на љубовта и меѓучовечките односи, а своите сознанија ги сумирал во теоријата за петте љубовни јазици.
Преку својата работа, открил дека секој човек ја доживува љубовта и вниманието на различен начин – додека некои ценат мали знаци на внимание и комплименти, други ја изразуваат својата приврзаност преку поголеми гестови. Би можеле да кажеме дека на ова поле сите зборуваме различни јазици што понекогаш тешко ги разбираме. Чепмановото истражување отвори врата кон подлабоко разбирање на меѓучовечките односи, а неговата книга и денес им помага на луѓето ширум светот.
Но, што ако овој концепт го примениме и надвор од приватните односи?
Што ако љубовните јазици ги пренесеме во деловното опкружување?
Нашата деловна „љубовна врска“ понекогаш не се разликува многу од приватната. На крајот на денот, вработените остануваат таму каде што се чувствуваат ценети, признаени и мотивирани. За да дознаеме кои се тие најслатки гестови што ги ценат вработените, голем помошник може да биде Pulser – истражувањето за задоволството на вработените. Замислете секој вработен да има свој персонализиран „love language“ dashboard – каде менаџерите можат да видат кои видови признанија и бенефиции имаат најголемо влијание. Преку анализа на податоци, Pulser може да им помогне на компаниите да изградат мотивациска култура која не е генерализирана, туку прилагодена според вистинските потреби на тимот.
Сега, кога сме свесни дека понекогаш не зборуваме на ист јазик и дека можеме да си помогнеме за подобро разбирање, вистинско време е да откриеме каде најчесто „се кршат“ комплиментите во деловниот контекст.
Пофалби и признание – „Забележани сме и ценети!“
Некои вработени процветуваат кога добиваат признание за својата работа. Не им е важно само да ја завршат задачата, туку и да слушнат „Одлична работа!“. И тоа не е само прашање на его – компаниите со ангажирани вработени бележат 21% поголема профитабилност. Загрижува фактот дека само 11% од испитаниците во националното истражување за задоволство на вработените изјавиле дека редовно добиваат повратни информации од своите претпоставени, што е клучен фактор за ангажираноста. Ова покажува колку се важни пофалбите. Потребно е тие да се приспособат на секој поединец – некои ќе ценат јавно признание, додека други ќе го преферираат преку дискретен e-mail.
Квалитетна комуникација – „Слушајте нè и вклучете нè во одлуките!“
Постои тип на вработени кои не бараат постојани пофалби, но им е клучно да бидат вклучени. Тие сакаат да знаат што се случува, да бидат дел од разговорите и да чувствуваат дека нивниот глас се слуша. Според Pulser податоците, организацијата на работата е најслабо оценета категорија, а токму вработените можат да дадат решенија за подобрување на работните процеси. Организации кои вложуваат во отворена комуникација имаат 40% повисока ангажираност на вработените – а ангажиран вработен е и лојален вработен.
Финансиска сигурност – „Платата е важна, но не е единственото што нè мотивира!“
Се вели дека парите не се најважниот фактор во работата, но реалноста е дека нема задоволство ако вработените не чувствуваат финансиска сигурност. Ниските примања се еден од главните фактори поради кои вработените бараат нова работа. Дополнително, 41% од испитаниците (од 60.000 анкетирани) откриле дека не се ниту задоволни ниту незадоволни од својата плата. Кај овие вработени важни се и другите фактори – платата е клучна, но не е сè. Вработените сакаат и јасни можности за напредување и развој, а токму тие информации ги открива Pulser истражувањето.
Дополнителни бенефиции – „Придобивки како знак на внимание!“
Pulser податоците покажуваат дека работодавачите кои ги испитуваат нивните вработени за нивното задоволство имаат 59% пониска стапка на флуктуација. Истражувањето на задоволството е особено важно при дефинирање на бенефициите. Клучот е во персонализацијата – некои ќе ја ценат програмата за велнес, други кофинансирање на едукација, а трети можноста за работа од дома. Важно е да се слушаат вработените и да се прилагодат бенефициите на потребите на тимот.
Чувство на цел – „Сакам да работам работа што има смисла!“
Можеби мислевте дека платата е најголемиот мотиватор, но сè повеќе истражувања покажуваат дека луѓето сакаат да работат работа што ги исполнува. Платата сè уште игра голема улога, но не е најважна. Според некои истражувања, дури 80% од вработените би работеле за помала плата ако нивната работа има поголема цел. Дополнително, компании кои јасно ја комуницираат својата мисија и им овозможуваат на вработените да ги видат резултатите од својата работа, имаат посреќни и попродуктивни тимови. Pulser може да им помогне на менаџерите да препознаат кои вработени бараат поголемо чувство на смисла и како тоа да им го овозможат.
Разберете го јазикот на вашите вработени и создадете средина во која ќе се чувствуваат ценети, мотивирани и инспирирани! Pulser е тука за да ви помогне да го направите токму тоа.