
Компанијата е основана во 1991 година во Скопје и првично се занимавала со увоз и извоз на потрошувачки стоки. Во 1996 година, за првпат добива можност да увезува, дистрибуира и продава производи од реномираната компанија WRIGLEY. Alma-M се шири на територијата на Република Косово, со седиште во Приштина, каде што добива право за увоз, дистрибуција и продажба на WRIGLEY производи во Република Македонија и Косово.
Alma-M е приватна компанија во сопственост на едно лице. Бројот на вработени надминува 180 лица. Компанијата располага со објекти со вкупна површина од 30.000 м², каде што се лоцирани:
1. Нов модерен магацин во согласност со HACCP стандардите, со капацитет:
- 3.274 палети во амбиентални услови
- 1.000 палети во разладни услови (14 °C до 18 °C)
- 900 палетни места – замрзнувач (-18 °C до -40 °C)
2. Административна зграда со површина од 1.860 м²
3. Компанијата располага со возен парк од 128 возила, од кои:
- Комбиња со разладен товарен дел – 17 возила
- Разладни камиони – 21 возило
- Пик-ап возила – 43 возила
- Патнички автомобили – 47 возила
Во 2010 година, компанијата имплементира ISO 22000 стандард и Систем за управување со магацинско работење за поефикасно ракување со складиштето.
Во моментот, слободни се следните работни позиции:
Асистент за правни работи
линк за повеќе детали и аплицирање
Агент за продажба - Скопје
линк за повеќе детали и аплицирање
Агент за продажба - Тетово
линк за повеќе детали и аплицирање
Агент за продажба - Штип
линк за повеќе детали и аплицирање
Унапредувач на продажба - Струмица
плата до 30.750.00 денари
линк за повеќе детали и аплицирање
Агент за продажба - Битола
линк за повеќе детали и аплицирање
Унапредувач на продажба - Битола
плата до 30.750.00 денари
линк за повеќе детали и аплицирање