
Работата не мора да биде само стрес и обврски. Еве неколку начини како да внесеш повеќе уживање во твојата работна недела.
Професионалниот живот носи многу предизвици – притиснати рокови, бескрајни состаноци, непредвидливи ситуации, напорна комуникација со колеги или клиенти, а понекогаш и чувство дека си заглавен/а во рутина.
Сето тоа може да ја направи работната недела стресна и исцрпувачка, поради што ретко кој ѝ се радува. Но, со неколку промени во пристапот, можно е да ја направиш попријатна, па дури и да ѝ додадеш доза на уживање. Еве како:
1. Започни го денот на начин што те исполнува
Наместо веднаш да скокнеш на обврските и да ги проверуваш е-пораките, посвети ги првите 20-30 минути од утрото на нешто што те радува. Тоа може да биде прошетка, добра музика, медитација или шолја омилено кафе во мир. Почетокот на денот со позитивен тон може да влијае на целиот работен ден.
2. Направи мали паузи што ти носат радост
Не мора да чекаш викенд за да се наградиш. Во текот на денот направи кратки паузи – слушај ја омилената песна, разговарај со колега што ти го крева расположението, прошетај на свеж воздух или почести се со нешто вкусно. Тие мали моменти ја разбиваат монотонијата и ти помагаат да останеш продуктивен/а и мотивиран/а.
3. Внеси креативност во работата
Без разлика што работиш, секогаш постои начин да додадеш малку креативност. Можеш да осмислиш нов пристап кон задачите, да го уредиш работниот простор со инспиративни детали или да предложиш нови проекти и идеи што ќе ја направат работата поинтересна. Кога ќе пристапиш кон задачите со доза на игра, помалку веројатно е да ги доживуваш како досадна рутина.
4. Организирај нешто забавно со колегите
Понекогаш токму атмосферата на работа го прави работниот ден или напорен или пријатен. Предложи заедничка пауза за кафе, организирај тим-билдинг активност или договори заеднички ручек. Кога односите се опуштени и пријателски, работата станува помалку стресна, а времето поминува побрзо.
5. Постави си награда на крајот на неделата
Нека петок биде ден на кој ќе се радуваш не само поради викендот, туку и поради нешто што самиот/сама си го подарил/а. Тоа може да биде одење во кино, вечера со пријатели, омилена серија или нешто сосема друго. Кога знаеш дека на крајот од неделата те чека награда, полесно ќе ги пребродиш работните обврски.
Извор: mojposao.hr