
Земја со 12.000 реки и 3.000 езера се наоѓа во Европа, на брегот на Балтичкото Море.
Заедно со резервоарите за вода, реките и езерата покриваат 3,7 отсто од територијата на Летонија.
Само 17 реки се подолги од стотина километри, а најдолгата е Западна Двина или Даугава, која е и најзначајната. Тече низ главниот град Рига и со векови била важна трговска рута, поврзувајќи го Балтичкото Море со срцето на Европа.
Со должина од 1.020 километри, Даугава извира во Валдајското возвишение во Русија, потоа минува низ Белорусија и Летонија, пред да се влее во Ришкиот Залив.
Втората најдолга река е Лиелупе, која одиграла значајна улога во економскиот развој на земјата и се користи за меѓународни водени спортови.
На западниот дел на земјата се наоѓа реката Вента со препознатливиот водопад, кој е најширок во Европа – 249 метри.
Од друга страна, Летонија изобилува и со езера – 2.256 од нив зафаќаат површина поголема од еден хектар. Голем дел од нив се со ледничко потекло.
Најголемото езеро е Лубанс, со површина од 80,7 квадратни километри, опкружено со мочуришта, што го прави значајно живеалиште за птици.
Извор: eupravozato.mondo.rs