
Министерството за внатрешни работи информира дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Струга и Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – Дебар, Крушево, за Демир Хисар, за Ресен, Македонски Брод, Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево, Берово, Неготино, Кратово, Крива Паланка, Гевгелија, за Радовиш и Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.